Ердоган: Сами ќе се браниме, ако не сакаат да ни помогнат
Доколку не добие помош, Турција сама ќе дејствува за да ги одбие нападите на Исламска држава врз градот Килис, во близина на сириската граница, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Ќе ја совладаме ИД. Ќе го решиме тоа прашање сами доколку не добиеме помош за да ги спречиме ракетите да го погодуваат Килис, рече Ердоган.
- Тропавме на врати, барајќи создавање зона на безбедност на нашата јужна граница, но никој не сакаше да го преземе тој чекор. Доколку не се договориме за одлучна акција против терористичките организации, светот повеќе нема да биде безбедно место, нагласи турскиот претседател.
Килис со месеци е изложен на ракетни напади од подрачјето, кое е под контрола на ИД во Сирија, при што животот го загубиле 21 лице, а неколку згради се уништени.
Силите на меѓународната коалиција, предводена од САД и Турција, одговорија со воздушни напади и ликвидираа десетици припадници на ИД. Турските власти меѓутоа нагласуваат дека им е потребна поголема помош во заштитата на границата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток