Ердоган: Одлучен сум во намерата за состанок со Путин и Зеленски
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека е решен да разговара со украинскиот и рускиот лидер и да ги седне на иста маса за да се стави крај на крвопролевањето, јави агенцијата Анадолија.
По дводневната посета на Узбекистан Ердоган одговараше на новинарски прашања на актуелни теми при што се осврна на руско-украинската војна, ставот на Турција и напорите за посредување за постигнување траен мир, како и за односите со Израел во областа на енергетиката.
Истакнувајќи дека е одлучен во намерата да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој рече дека ќе им каже на своите колеги дека крајната цел на Турција сега е да ги зближи.
-Одлучен сум во намерата да се сретнам со Путин и Зеленски. И на двајцата ќе им кажеме дека нашата цел сега е што побрзо да ги собереме на едно место. Се надевам дека ќе одредиме датум на состанокот. Подготвени сме да бидеме домаќини на состанокот на ниво на претседатели. Како Турција, ќе бидеме среќни кога ќе ја завршиме оваа работа со довербата и на господин Путин и на господин Зеленски, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
