-->
-->
Ердоган обвинува: Грција ги окупира островите во Егејското Море
-->
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ја обвини Грција дека ги окупирала островите во Егејско Море, кои имаат демилитаризиран статус.
Тој исто така наведе дека Анкара „кога ќе дојде време ќе преземе сè што е потребно“.
– И препорачувам на Грција да погледне во историјата. Ако Атина оди предалеку, цената ќе биде висока. Имаме една работа да и кажеме на Грција, а тоа е да се потсети на Измир – истакна Ердоган.
Анкара неодамна ја обвини Атина за вооружување на демилитаризираните острови во Егејско Море, што Атина го негираше. Егејските острови и се предадени на Грција во согласност со договорите од 1923 и од 1947 година, но под услов да не се вооружуваат.
Турција и Грција имаат низа нерешени прашања, од прелетите на авионите до статусот на островите во Егејско Море, како и за поморските граници и наоѓалиштата на гас во источниот Медитеран, и етнички поделениот Кипар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг
-
Муцунски: Треба да се исцрта јасен пат за нашата евроинтеграција, покажавме посветеност, го очекуваме тоа и другата страна
-
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили избран за претседател на Грузија
-
Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки
-
Во возило од градски превоз во Велес пронајден мртов 60-годишен маж
-
УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски
-
Мицкоски: Постигната историски највисока цена на килограм откупен тутун од 400 денари
-
Нови 600 вработувања во МВР, Мицкоски повика на трпение, работите се решаваат една по една