Ердоган му порача на ирачкиот премиер „да почитува некои граници"
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му порача денеска на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади дека турската армија не прима наредби од Ирак за кампот Башика.
- Ирак има некои барања кон нас во врска Башика и сега ни велат да заминеме, но турската армија не ја загубила толку својата позиција за да прима наредби од вас, истакна Ердоган, на состанокот на исламски лидери во Истанбул.
- Ирачкиот премиер ме навредува, и треба да почитува некои граници, рече турскиот претседател.
Тензиите меѓу Анкара и Багдад се зголемија минатата недела околу присуството на турски војници на ирачка територија и серија искази на турски претставници за претстојна операција за ослободување на ирачкиот град Мосул од „Исламска држава".
Амбасадорите на двете земји беа повикани на разговори во соодветните министерства за надворешни работи, а ирачкиот премиер ја предупреди Турција дека ризикува да предизвика „регионална војна".
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје