Ердоган, Меркел, Путин и Макрон: Потрбено е политичко решение за Сирија

Лидерите на Турција, Русија, Франција и Германија на Самит за Сирија се согласија дека не постои воено решение за кризата во земјата и апелираа што побрзо да се покрене политички процес со кој би се ставило крај на седумгодишната војна.
Во заедничкото соопштение на Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин, Емануел Макрон и Ангела Меркел по вчерашниот состанок во Истанбул, се истакнува неопходноста за воспоставување на траен мир во Сирија и потребата да продолжи борбата против екстремистите, како и да се создадат неопходни услови за безбедно и доброволно враќање на бегалците.
Исто така се предвидува до крајот на годината да се формира Комитет за промена на Уставот на Сирија.
Во соопштението се истакнува и дека се отфрлаат „сепаратистичките агенди за поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија како на националната безбедност, така и на соседните држави“.
Германската канцеларка Меркел истакна дека решението за сириската криза не може да биде воено и оти мора да се води политички процес под покровителство на Обединети нации.
На крајот од овој политички процес мора да се одржат слободни избори, на кои ќе учествуваат сите Сиријци, вклучително и дијаспората, посочи Меркел.
Рускиот претседател Путин посочи дека сите соговорници биле согласни дека долгорочната стабилност во Сирија може да се постигне со политички и дипломатски чекори во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност и со строго почитување на принципот на единство, суверенитет и територијален интегритет на Сирија.
Тој најави и дека Москва активно ќе учествува во работата на Комитетот за промена на Уставот на Сирија.
Турскиот претседател Ердоган наведе дека на средбата во Истанбул се разговарало дека треба да биде доброволно враќањето на бегалците во Сирија.
Сирискиот народ треба да одлучи за иднината на актуелниот сириски претседател Башар ал Асад, истакна Ердоган.
Ново на Сител
-

Најчести грешки на патниците при летање со авион
-

Мицкоски: СДСМ и Левицата нека ги повлечат амандманите за Изборниот законик, ги поднесоа за да го спречат гласањето во дијаспората
-

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола
-

МВР објави оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште
-

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар
-

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
