Ердоган: Кризата со САД може да се надмине заради моите односи со Трамп
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата лична поврзаност со американскиот колега Доналд Трамп може да помогне во надминувањето на кризата во односите меѓу двете земји, предизвикана од одлуката на Анкара да ги купи руските одбранбени системи „С-400“.
Ердоган кажа и дека со Трамп ќе разговара за можностите Турција да ги купи од САД системите „Патриот“.
Ердоган, меѓутоа, за британските медиуми изјави дека со Трамп пред две недели веќе разговарал за купување на „Патриот“, како и дека со него на оваа тема ќе разговара и кога подоцна овој месец ќе се сретнат на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
-Му кажав, без разлика на тоа колку „С-400“ ќе добиеме, ние можеме од нив да купиме одредено количество „Патриоти“, но кажав и дека мораме да видиме какви ќе бидат условите, за нивните системи барем малку да се слични со „С-400“, рече Ердоган.
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим