Ердоган ќе се сретне со Путин

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе престојува во еднодневна посета на Москва за време на која ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.
Според турски претставници, двајцата претседатели ќе разговараат за гасоводот „Турски поток“, сириската криза, нападите на терористичката групација Исламска држава и ситуацијата во Украина.
Главното внимание во разговорите се очекува да се насочи кон проблемите околу проектот за гасоводот „Турски поток„, кој Путин и го предложи на Турција наместо спорниот „Јужен поток“.
Планирано беше „Турски поток“ да биде отворен кон крајот на 2016 година. Неодамна Турција сепак објави дека ќе го замрзне проектот, обвинувајќи ја затоа руската страна.
Москва, пак, објави дека очекува проблемот да биде решен со новата турска влада, која ќе биде избрана по предвремените избори на 1 ноември.
Ердоган во Москва ќе присустува на церемонијата на отварање на реконструираната Соборна џамија во Москва, во пресрет на празникот Курбан бајрам.
Ново на Сител
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
-

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург
