Ердоган ќе ја намалува невработеноста: Секоја компанија да вработи по еден невработен

Секоја компанија нека вработи по еден невработен: Тоа е „едноставното“ решение за невработеноста кое го предлага турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат француските медиуми.
Провикувајќи ја главната организација на турските работодавачи, Сојузот на трговски комори и стокови берзи на Турција, Ердоган кажа „ТОББ денеска има речиси 1,5 милиони членови. Доколку секој член сега вработи едно лице, што тоа ќе значи? Тоа ќе значи работа за 1,5 милиони невработени“.
- Сите ние нема парите да ги однесеме во гроб. Ќе останат овде. Кога е така, да им дадеме работа на оние кои немаат, рече турскиот претседател на конференцијата за здравство и безбедност во работата во Истанбул.
„Што може компанијата да загуби? Ќе пропадне ли затоа што вработила едно лице? Не. Напротив, од тоа ќе има полза. Тоа е толку едноставно“, заклучи Ердоган, проследен со одмерен аплауз од директорите на турските компании.
Честопати обвинуван за популизам турскиот претседател предизвикува загриженост во турските деловни кругови со се поголемото мешање во економските прашања, на пример, со повторениот повик до турската Централна банка да ги намали каматите, рескирајќи притоа раст на инфлацијата.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
