Ердоган и Путин разговараа за ситуацијата во Источна Гута
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин телефонски разговараа за хуманитарните акции во Источна Гута како и за други случувања во Сирија, јави Анадолија.
Според дипломатски извори, за време на разговорите нагласено било дека доставувањето хуманитарна помош за цивили во Источна Гута е од огромно значење. Тие се согласиле дека е многу важно што побрзо да престанат страдањата во Источна Гута.
Нагласено било дека заедничките напори на Турција, Русија и на Иран се многу важни за целосно спроведување на примирјето во Источна Гута.
Силите лојални на режимот на Асад од 19 февруари убиле 824 цивили во Источна Гута. Во тоаа област се уште траат нападите. Источна Гута е под контрола на силите на сириската опозиција, а реонот е под опсада на режимските сили веќе шест години. Речиси 400.000 цивили во Источна Гута се постојана цел на напади на силите лојални на Асад и не дозволуваат доставување хуманитарна помош во реонот.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР