Ердоган ги негира гласините за предвремени избори во Турција
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повтори дека датумот на следните избори ќе биде во 2023 година, во услови кога во земјата се засилија гласините за можно предвремено гласање, јави агенцијата Анадолија.
– Датумот на избори е јасен, јуни 2023 година. Не трошете го вашето време, им порача Ердоган на оние кои, според неговите зборови, „легнуваат и стануваат, зборувајќи за предвремени избори”.
Ердоган ова го изјави на состанокот на локалните структури на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во округот Хатај, јужна Турција.
Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме „независноста, интересите, правата на нашиот народ и на сите наши пријатели”, нагласи Ердоган.
– Сите 15 избори што ги помина Турција во последните 19 години беа од витално значење сами за себе, додаде тој.
– Сега се соочуваме со избори во 2023 година. Овие избори претставуваат најкритична пресвртница во однос на синхронизирање на стандардите на земјата со визијата за 2053 година, додаде турскиот претседател
Ново на Сител
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот
-
Огнот се приближи до објектите на ЈП Јасен – сите сили фокусирани на Јасен
-
Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево
-
Кривична пријава за директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна