Ердоган: Германската резолуција за Ерманците нема никакво значење
Резолуцијата на германскиот Бунедестаг со која масовните убиства на Ерменците во Отманската Империја во текот на Првата светска војна се прогласени за геноцид, според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „нема никакво значење“ и нема да го промени ставот на Анкара во врска со ова прашање.
- Се прашувам како германските официјални претставници ќе можат да ги погледнат турските колеги во очи по таквото гласање во германскиот Бундестаг во четвртокот, изјави денеска Ердоган.
По усвојувањетоп на Резолуцијата во Бундестагот, Турција веднаш го повлече својот амбасадор од Берлин и се закани со „дополнителни последици“.
Ердоган меѓутоа денеска изјави дека засега е „прерано да се зборува за економски мерки против Германија“, додавајќи дека спорот меѓу Анкара и Берлин не треба да влијае врз односите меѓу Турција и ЕУ.
- За Турција не би било добро да реагира поттикната од омраза. Одлуката што ја донесе германскиот Парламент нема никакво значење, потенцира Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека сепак е разочаран од однесувањето на германската канцеларка Ангела Меркел, која не преисуствуваше на седницата на Бундестагот на која беше усвоена Резолуцијата.
- Повеќе ќе сакав Меркел да се вклучеше во дебатата и да го дадеше својот глас (за Резолуцијата), порача Ердоган.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет