Ердоган: ЕУ останува стратешки приоритет на Турција
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа во Анкара изјави дека и покрај фактот што неговата земја е изложена на неправда, Европската унија останува стратешки приоритет за Турција, јави Анадолија.
Ердоган во палатата Чанкаја им се обрати на амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Турција каде зборуваше за односите меѓу неговата земја и ЕУ.
Тој рече дека на сите треба да им биде јасно дека Турција направила големи напори во контекст на борбата против илегалната миграција и тероризмот.
– Да не беа нашите напори, мигрантската криза уште повеќе ќе се продлабочеше, бројот на жртвите ќе беше поголем, тероризмот ќе станеше уште подив, нестабилноста ќе зафатеше многу поширока област, оцени Ердоган.
Тој рече дека ЕУ треба да спречи саботажа на односите меѓу Турција и Европа, криејќи се зад изговорите за солидарност во Унијата.
– Се надеваме дека Европската унија ќе се ослободи од стратешката кусогледост во 2022 година и ќе ги развива односите со Турција похрабро, рече Ердоган.
Тој, исто така, ја критикуваше ЕУ во контекст на кипарското прашање, велејќи: „За жал, ЕУ, додека слепо дејствуваше како портпарол на грчката страна, ги игнорираше правата и законите на кипарските Турци, кои се составен дел од областа”.
Тој рече дека секој што може објективно да согледа, јасно гледа и препознава дека „Турција е клучна земја за надминување на заканите со кои се соочува Европската унија”.
– И покрај сите неправди на кои бевме изложени, Европската унија останува наш стратешки приоритет, ние продолжуваме да се стремиме во таа насока, заклучи Ердоган.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
