Ердоган: Движењето на проповедникот Ѓулен сместено меѓу терористичките организации
Движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, и официјално во Турција ќе биде заведено како терористичка организација, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од весникот „Хуриет дејли њуз“.
Шефот на државата прецизира дека решението за прогласување на движењето на Ѓулен за „нелегална терористичка организација“ било донесено пред два дена, на заседание на Советот за национална безбедност, на кое самиот претседавал.
-Ние донесовме препорачана одлука по однос на терористичката организација на Ѓулен. Ја испративме до Владата и сега чекаме владиниот кабинет да донесе решение. Движењето ќе го заведеме како терористичка организација и ќе биде во иста категорија со сириската курдска партија Демократски сојуз или Курдската работничка партија, посочи Ердоган.
Претседателот Ердоган го обвинува проповедникот Фетула Ѓулен дека преку свои поддржувачи во судскиот систем, полицијата и другите институции во државата создал таканаречена „паралелна структура“ , со цел да ја собори Владата.
Ново на Сител
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори
-
Документарен филм ,,Што ја гуши Преспа?”
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал