Ердоган до САД: Немаме потреба од вас
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средба со окружни гувернери во Анкара упати остри критики кон САД, обвинувајќи ги за заговор против Турција.
- Немаме потреба од вас. Доволно стоиме цврсто, порача Ердиган на средбата, додавајќи дека САД планираат „да формираат терористички коридор на јужните граници“ на Турција.
Станува збор за територите во северна Сирија, долж границата со Турција, кои се под контрола на групата Сили за заштита на народот на сириските Курди, која Анкара ја смета за терористички организација и огранок на Курдската работничка партија (ПКК).
Ердоган нагласи дека Турција води „втора ослободителна војна“ соочувајќи со удари „и од внатре и од надвор“, при што ги обвини САД дека ги користат своите „пиони“ за да и се спротивстават на земјата.
- Кој може да гарантира дека терористичкито коридор ќе е за борба против Исламската држава (ИД). Целта на терориситчкиот коридор е да се опколи Турција, додаде Ердоган.
Според него, САД се обидуваат да ја „турнат Турција на колена со примена на валкани планови и со помош на терористички органмизации“.
Ердоган најави и дека во иднина турската полиција повеќе нема да носи пиштоли од американско производство, туку полицијаците ќе бидат опремувани со оружје произведено во Турција.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила