-->
-->
Ердоган: Без размислување ќе го потпишам законот за смртна казна
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека очекува Парламентот да го усвои враќањето на смртната казна по одржувањето на референдумот за проширување на претседателските овластувања на 16 април.
- Семејствата на мачениците, хероите, не треба да се грижат. Верувам, со божја волја, дека по гласањето на 16 април, Парламентот ќе направи се што е потребно кога се во прашање вашите барања поврзани за смртната казна, истакна Ердоган, додавајќи дека „без размислување“ ќе го потпише законот за враќање на смртната казна.
Западните медиуми оценуваат дека со ваквиот потег би можело да се стави крај на патот на Турција кон членство во ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро