„Ербас“ размислува за производство на уште поголем авион од А350
Ербас размислува за производство на уште поголем авион од сега најголемиот А350-1000, кој треба да започне да се користи во текот на 2017 година, јави дописникот на МИА од Париз.
Генералниот директор на „Ербас“, Фабрис Брежие изјави дека компанијата размислува за производство на уште поголем авион, бидејќи тоа го побарале некои авиокомпании, но тоа се уште не е приоритет на „Ербас“.
- Ние имаме потенцијал, но треба да бидеме разумни, изјави тој на годишната конференција за новинарите.
Според Брежие, партнерите на „Ербас“ се доволно солидни за да можат да го следат производството на авионот А320, иако постојат „индустриски“ проблеми, поврзани со оваа програма, а не проблеми со концепцијата на авионот.
Тој исто така изјави дека во текот на 2016 и 2017 година „Ербас“ треба да испорача 27 авиони А380, исто колку и во 2015.
Во текот на 2015 „Ербас“ имаше 1.036 нарачки на авиони и испорача 635. Европскиот конзорциум според бројот на нарачките е пред Боинг, но заостанува според бројот на испорачани авиони. Имено, Боинг испорача 762 авиони во 2015.
За 2016 година Ербас планира испорака на 650 авиони.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството