„Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
Авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување е вклучен во гаснењето на пожарот на дивата депонија кај Визбегово. Покрај поддршка од воздух, во гаснењето интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила од „Комунална хигиена“.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот претставува ризик за проширување кон околните површини, а во близина се наоѓаат и станбени куќи.
- Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон, велат од ЦУК.
Пожарот избувна утрово, а во првичната изјава дадена за МИА командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески информираше дека интервенираат со четири возила.
Густиот чад од пожарот се гледа од неколку страни на градот, а граѓаните споделуваат слики и видео на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе штедат на зимница - теглите со ајвар ќе бидат преполовени
-
Температурните осцилации ќе ја намалат годинашната реколта на ориз
-
Скопската Брза помош со многу работа, но со малку кадар
-
36 икони чекаат да се вратат во македонските цркви
-
Пожар го пеплоса имотот на семејство во Канатларци - штетата 100.000 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Власта и опозицијата различно ги читаат бројките на државната статистика
-
Тема на денот со Венко Филипче, СДСМ