„Епл“ со рекордна испорака на смартфони во четвртиот квартал
Доставата и испораките на паметни телефони на „Епл“ скокнаа за 22 отсто, што е рекордно ниво во четвртото тримесечје од 2020 година. Ова, благодарение на тоа што компанијата стана најголем продавач на паметни телефони во светот, додека продажбата на „Хуавеј“ падна кога стапија во сила санкциите во САД.
Проширената палета на модели и новиот изглед на „Ајфон 12“, како прв уред на „Епл“ со 5-Г технологија, ја зголемија побарувачката за надградби, особено во Кина. Според истражувачката компанија ИДЦ, „Епл“ продал 90,1 милион телефони во периодот октомври-декември. Со тоа компанијата има 23,4 насто удел во светскиот пазар.
На второ место е „Самсунг електроникс“. Јужнокорејската компанија бележи раст на продажбата од 6,2 отсто во последното тримесечје во споредба со претходната 2019 година, со продадени 73,9 милиони паметни телефони, што значи удел на пазарот од 19,1 отсто. Кинеската компанија „Ксијаоми“ забележа раст на продажбата за 32 насто, па се најде на третото место. Четвртопласираниот „ОПО“, исто така – од Кина, има раст од 10,7 насто.
Кинески „Хуавеј текнолоџис“ претрпе најголем удар, при што доставите паднаа за 42,4 отсто, на 32,3 милиони продадени примероци и место бр. 5. „Каунтерпоинт“ и „Каналис“ се на шестото и седмото место.
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици