Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август

Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции.
- Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за Гостивар. Таму ќе биде наведено што и како и кои институции што направиле. Самите резултати од испитувањето на водата се сопственост на Јавното комунално претпријатие од Гостивар и на Град Гостивар. Она што Министерството ќе го објави се резултатите кои беа релевантни за епидемијата, а тоа е од 1 јануари 2026 до врвот на епидемијата. Бидејќи тоа се дневни контроли на водата, не гледам ништо спорно да бидат објавени и од Јавното комунално претпријатие и од Центарот за јавно здравје - рече Клековски.
Додаде дека резултатите се достапни во центрите за јавно здравје и ќе бидат објавени.
- Фокусот ми е од оваа епидемија да излеземе транспарентно и јасно и со научени лекции. Бидејќи состојбите, особено во Гостивар, се повторуваат и треба структурно да видиме каков е проблемот во водоводот, дали имаме проблеми во реакцијата на институциите, бидејќи повеќе институции се одговорни за ова - Јавното комунално, АХВ, центрите за јавно здравје преку националната програма. И ќе ги соопштиме сите работи најтранспарентно, ништо нема да биде премолчено. Ќе ги објавиме и од 2017 и од 2019... она што е сопственост на Министерството. А тоа се тестирањата правени со националната програма. А тие што се сопственост на Јавното комунално претпријатие, треба тоа да ги објави - рече Клековски.
Во однос на дезинформациите што се појавија дека водата во Скопје наводно е загадена со ешерихија коли, Клековски рече дека тоа да било вистина, сега директорот на Инфективната клиника немаше да зборува за западнонилска треска, туку ќе бараше да поставуваме контејнери за да ги згрижиме сите што ќе дојдат на преглед.
- Би сакал да не бидам погрешно сфатен, меѓутоа сензационализмот дека на некоја селска чешма или на некој бунар имало неисправна вода... Јас со вода сум се занимавал во мојата претходна кариера. Во Македонија, во рурална Македонија, плиток бунар, јавна чешма речиси и да нема исправна. И на многу од нив убаво си пишува 'водата не е за пиење'. Бактериолошка загаденост има секаде и нема потреба да создаваме вест од нешто што не е вест. Се знае каде е безбедно, каде не е безбедно. Си има и на убави објекти има и табла 'водата не е за пиење'. Не сакам да се повторувам, во хотел со пет ѕвездички на охридското крајбрежје има предупредување 'водата не е за пиење'. Значи, нема потреба од создавање дополнителна паника, луѓето што живеат во рурални населени места знаат што се пие, што не се пие, најчесто и тоа е означено - додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарникарите од Крива Паланка спасија куче кое паднало во бунар длабок седум метри
-

Учениците од утре на настава - едносменска во 620 училишта
-

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ, бензинот поскапува
-

51 инфлуенсер, луксузни хотели и забави: Ќерката на Орбан потрошила 8 милиони евра јавни пари за инфлуенсерска кампања
-

Бидете дел од новата сезона на Сител: Пријавете се за учество во „Се или Нешто“, „Брза Кујна“ или „Листа за 300“
-

ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување
-

Од утре нови правила на Скопскиот аеродром: Само еднаш дневно ќе може бесплатно да влезете со автомобил
-

Вишото јавно обвинителство наложи продолжување на истрагата против Капушевски и Јахоски за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра
