-->
-->
ЕП жени: Шамионатот заврши за Црна Гора и за Хрватска
-->
По одигрувањето на натпреварите од 3.коло заврши првата фаза по групи од Европското првенство во ракомет за жени. По денешните натпревари од групите Ц и Д шампионатот заврши за Црна Гора и за Хрватска.
Црна Гора по поразот од Унгарија поради послабата гол разлика од конкурентките го освои последното место во групата, додека Хрватска не постигна ниту една победа.
Резултати од 3.коло:
Ц група (Малме): Црна Гора - Унгарија 14:21 и Данска - Чешка 33:29.
Табела: Данска 6 бодови, Чешка 2, Унгарија 2, Црна Гора 2.
Д група (Хелсингборг): Хрватска - Романија 26:31, Норвешка - Русија 23:21.
Табела: Норвешка 6, Романија 4, Русија 2, Хрватска 0.
Трите првопласирани екипи од двете групи ќе ја формираат групата 2: Норвешка 4 бодови, Данска 4, Романија 2, Чешка 2, Унгарија 0, Русија 0.
Утре во Гетеборг стартуваат натпреварите од групата 1: Србија - Германија (почеток 16:15 часот), Шведска - Холандија (почеток 18:30) и Шпанија - Франција (почеток 20:45).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети