Ракомет
12. December 2016 - 8:58

ЕП - жени: Одиграни првите натпревари од групата 2

На ЕП во ракомет за жени синоќа беше комплетирано првото коло од групата 2 од главната фаза. Норвешка продолжи со победите и тие се единствената селекција со максимален учинок.

Резултати: Норвешка - Данска 22:20, Русија - Чешка 26:24 и Романија - Унгарија 29:21.

Прва на табелата во групата 2 е Норвешка со 6 бодови, Романија и Данска имаат по 4, Чешка и Русија имаат по 2, а Унгарија е последна без бод.

Денеска се играат дуелите од 2.коло од групата 1:

Шпанија – Германија (почеток 16:15 часот);

Србија – Холандија (почеток 18:30 часот) и

Шведска – Германија (почеток 20:45 часот).