-->
-->
ЕП - жени: Норвешка - Холандија во финалето
-->

Женската ракометна репрезентација на Норвешка успеа да се пласира во финалето на Европското првенство што се одржува во Шведска. Ова за Норвешка е вкупно 10.то финале на Европските првенства.
Во второто полуфинале Норвешка ја совлада Франција со 20:16 (11:9). Најефикасна на дуелот беше Нора Мерк од Норвешка со 7 голви, додека „вардарката“ во дресот на Франција Александра Лакрабере постигна 6.
Во финалето во недела Норвешка ќе игра против Холандија која со 26:22 ја победи Данска. Ова воедно е реприза на ланското финале од Светското првенство. Титулата европски и светски првак ја имаат ракометарките на Норвешка.
Во дуелот за 5.место Романија ја победи Германија со 23:22.
Последните два дуела на шампионатот (финале и 3.место) се играат во недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
