Ракомет
14. December 2016 - 9:07

ЕП - жени: Данска остана во игра за полуфинале

По нерешениот резултат 26:26 на синоќешниот дуел од ЕП за ракомет за жени меѓу селекциите на Данска и на Русија, Данска остана со шанси за полуфиналето но ќе мора да ја победи во денешниот дуел Романија.

Норвешка со победата над Унгарија со 24:23 избори пласман во завршницата, додека на третиот дуел од групата 2 одигран вчера во Хелсингборг Романија беше подобра од Чешка со 30:28.

Табела: Норвешка 8 бодови, Романија 6, Данска 5, Русија 3, Чешка 2, Унгарија 0.