-->
-->
ЕП во Франција без Бензема
-->
Напаѓачот Реал Мадрид, Карим Бензема, нема да игра за Франција на Европското првенство, одлучи Фудбалската федерација на Франција. Бензема во моментов е под истрага на француските власти под обвинение дека се обидел да изнуди пари од соиграчот Матје Валбуена. Поради тоа Бензема, во декември беше суспендиран од репрезентацијата, а сега Федерацијата одлучи тој да не игра на ЕП.
Напаѓачот на Реал, кој ги негира обвинувањата, откако ја дознал одлуката на Федерацијата, рекол дека му е жал што нема да игра на ЕП, поради себе но и поради сите оние кои го поддржуваат.
Фудбалската федерација на Франција, која имала увид во списите од сослушувањето, објави дека најважно е единството во репрезентацијата, дека настапите на теренот се важни но не и од витален значај.
Претседателот на Федерацијата, Ноел ле Гре и селекторот Дидие Дешан биле луѓето кои го имале конечниот збор и тие решиле Бензема да не оди на ЕП.
Пред да биде донесена одлуката, напаѓачот преку својата Фејсбук страница ги замолил оние кои решаваат да го вратат во националниот тим. Бензема на Фејсбук напишал: „Што и да се случи...Еднаш син, засекогаш син“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата