ЕП: Важно е Македонија да спроведе демократски избори

Европскиот парламент денеска напладне треба да гласа за резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл, како и за предложените 17 компромисни амандмани на документот.
На синоќешната дебата во Европскиот парламент во Стразбур, најголемиот број од европратениците се заложија за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ, условени со одржување на фер и демократски избори.
Во најголемиот број од говорите по резолуцијата на Иво Вајгл, изработена според извештајот на Европската комисија за Македонија во 2015 година, се дојде до истата констатација - Македонија мора да излезе од политичката криза, со почитување на договореното од страна на политичките партии со помош на европските посредници.
- На 5 јуни, ќе се одржат предвремени избори во Македонија, кои ќе стават крај на политичката криза. Дали изборите ќе се одвиваат во согласност со демократските стандарди, во дадено време Комисијата ќе предложи, а Советот конечно да го одобри отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската унија под исти услови како досегашниот процес на проширување досега, нагалси известувачот Иво Вајгл (АЛДЕ, Словенија).
- Бојкотот на парламентот од страна на оние кои ги загубиле изборите, секако, не е во согласност со функционална демократија и е штетно за земјата. Новите избори ќе имаат клучно значење за сите нас, и ги повикуваме сите страни да се придржуваат кон заедничкиот договор, оцени од своја страна Туне Келам (ЕПП, Естонија).
- Европската комисија направи позитивната препорака за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, да зависи од однапред спроведувањето на претходните партиски договори. Европскиот совет го поддржа ова во своите заклучоци во декември, а утре Европскиот парламент ќе застане точно со нив и ќе каже: „сочувајте ја вашата демократија, или позитивната препорака ќе се повлече, рече британскиот евтопратеник Ричард Ховит и притоа побара да му се овозможи целосна поддршка на специјалниот обвинител.
- Ние, Европската унија, исто така, имаме одговорност во поглед на ситуацијата. Тоа не е само во поглед на прашањето за името, прашањето за името е едно од нив, но не само тоа. Важно е Советот да изнајде решение за мигрантсктата криза на европско ниво, оцени Тамаш Мечерикс од (Зелените / ЕФА, Унгарија).
Тој ја критикуваше притоа позицијата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, според кој на ЕУ и е потребен „период за дигестија“ пред понатамошното проширување, кој е уште еден елемент кој придонесува всушност за оваа криза. Ова само наголемо придонесе за губење на перспективата на целиот регион на Западен Балкан, смета Мечерикс.
Македонија според признанието на дебатата е отидена како што рече комесарот Јоханес Хан задолжен за европска соседска политика и преговори за проширување, најдалеку од сите кандидати во спроведувањето на придобивките на ЕУ.
- Ние признаваме дека земјата има добро ниво на подготовка и развива функционална пазарна економија, има исто така релативно добро ниво на усогласеност со придобивниките на ЕУ. Ова значи дека добрите закони и стратегии се повеќе или помалку присутни. Но, прашањето како и во сите овие земји е нивната примена и имплементација, рече Хан.
- Комисијата ја искажа својата подготвеност да ја прошири својата препорака за отворање на пристапните преговори. Ова, сепак, е условено со континуираната имплементација на политичките договори од јуни/јули и значителен напредок во спроведувањето на приоритетите од итна реформа, исткана во името на Советот на ЕУ, холандската министерка за одбрана Жанин Хенис-Плашарет.
Таа притоа побара, како и другите европратеници, одржливи реформи во областа на владеењето на правото, јавната администрација, заштита на основните права и слободата на медиумите, како и борбата против корупцијата, кои споре неа остануваат и продолжуваат да бидат во центарот на патот на земјата кон ЕУ.
Ново на Сител
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
