-->
-->
ЕП У-18: Македонските кошаркари поразени од Унгарија
-->
Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија е поразена од Унгарија, во рамките од 3.коло на Европското првенство за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје.
Во натпреварот од А групата, одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски’’ македонските јуниори загубија од Унгарија со 56:78 по четвртини 16:12, 11:15, 15:24 и 14:17.
Со само двајца расположени кошаркари, Ненад Димитриевиќ кој имаше учинок од 13 поени, 10 асистенции и 9 скокови, како и Елвис Хот кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 16 поени и 11 скокови, црвено-жолтите неможеа да се надеваат на изненадување.
Ова беше втор пораз за македонските јуниори со која ги намалија шансите за второто место во А групата, а со тоа и пласман во четвртфиналето.
Вооваа група денеска се одиграа и средбите: Полска – Кипар 65-35 и Бугарија – Ирска 113-67.
Табела: Унгарија 3-0, (победи-порази), Бугарија 2-1, Полска 2-1, Македонија 1-2, Кипар 1-2, и Ирска 0-3.
Денеска се слободен ден на шампионатот, а натпреварите од 4.коло ќе се играат утре..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград
-
Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени