Свет
25. October 2017 - 19:13

ЕП прифати воведување заедничка база на податоци за минување преку Шенген границите

Европскиот парламент денеска го прифати предлогот за воведување база на податоци, во која ќе се бележат минувањата преку Шенген границите на граѓани од држави надвор од ЕУ. 

Во новиот систем ќе бидат вклучени и Бугарија и Романија, откако на двете земји им беше обезбеден пристап до визниот систем на ЕУ.

Во базата ќе се внесуваат имињата, податоците од пасошот, отпечаток од прст, датумот и местото на преминување на границата, како и забраните за влез во Шенген зоната.

Овој систем ќе го замени печатот во пасошите и се очекува да го забрза минувањето на границите и да ги идентификува престапниците.

Собраните податоци ќе бидат чувани три години, а во случај на регистрирани нарушувања - пет години.