Ракомет
19. January 2016 - 21:37

ЕП Полска 2016: Во втората фаза со Хрватска, Норвешка па Белорусија

Со пласманот на третото место во групата А Македонија во втората фаза ќе игра против селекциите на Хрватска, Норвешка и Белорусија.

Според редоследот на табелата во таа група распоредот на натпреварите е следниот:
21.јануари - Хрватска (второпласирана)
25.јануари - Норвешка (првопласирана)
27.јануари - Белорусија (третопласирана)
 
За првите два дена термините за одигрување на дуелите се: 18:15 часот и 20:30 часот, додека на 27.јануари дополнително е и терминот од 16 часот.
Точниот распоред ќе биде познат подоцна.
 
Од Краков, Марјан Ников