Ракомет
24. January 2016 - 19:17

ЕП Полска 2016: Обрван: Знаеме дека можеме подобро од дуелот со Хрватска

Македонскиот тренер Ивица Обрван е пред нов предизвик со македонската репрезентација. Македонија мора да стигне до триумф против Норвешка за бидеме поблиску до Олимписките квалификации:

-Нас ни се случи емотивно празнење повеќе отколку физички замор, по оној дуел со Србија, а на тоа беа дуелите со Франција и Полска. Одморот е секогаш добредојден. Треба да одиграме најдобро што знаеме, не само поради фактот дека Норвешка може да ни ги загрози шансите за предолимписки турнир, туку и бидејќи самите сме свесни дека мора да се прикажеме во далеку подобро издание отколку против Хрватска, да го поправи тој блед впечаток. Знаеме дека можеме подобро од дуелот со Хрватска. Верувам дека тоа ќе го потврдиме на утрешниот дуел.

За утрешниот ривал и за очекувањата од неговиот тим селекторот истакна:

-    Видовме колку се опасни на дуелот со Полска, на кој функционираа сите работи во нивната игра. За да се дојде до добар резултат против Норвешка неопходни ќе ни бидат минимум 12  голмански интервенции, за да се исфрли оваа селекција од ритам. Секако дека голманите ќе треба да имаат поддршка и од одбраната, која ќе мора да игра на највисоко ниво. Видовме како Норвежаните играа брз центар и го користеа фактот дека Полска менуваше по најмалку двајца играчи напад – одбрана, тоа е нешто што ние не смееме да дозволиме да ни се случува.

 

Од Краков, Марјан Ников