-->
-->
ЕП Полска 2016: Обрван за Манасков
-->

Дејан Манасков на дуелот со Србија беше најдобар играч (иако наградата од ЕХФ ја доби голманот на Србија Дарко Станиќ) и постигна 10 голови. Сепак, Манасков не го почна дуелот со Станиќ најдобро особено што по постигнатиот прв гол, имаше две промашувања, од кои една контра. Потоа тој стана „ноќна мора“ за поранешниот клупски колега Станиќ.
За настапот на Манасков, селекторот Ивица Обрван во разговор со македонските новинари истакна:
- Манасков сака да игра, дека нема многу натпревари сезонава. Тој има многу сила во него. Ги погоди сите пенали и погодуваше кога треба. Тој има и одлична замена во Гоце Ојлески и следните три натпревари се шанса и за Ојлески. Имавме тешки натпревари и сите се „кршеа“ во финишот и тогаш тешко е да се менува. Ризикот е голем.
Обрван потенцираше дека и Филип Лазаров сеуште не е „фит“, а и кај Мојсовски се чуствува паузата. Воедно анјави дека на другите натпревари листата на играчи кои ќе бидат во игра ќе биде поголема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
