-->
-->
ЕП Полска 2016: Обрван: Со Хрватска реагиравме како селекција која има темперамент
-->
Тешки моменти минува македонската ракометна репрезентација особено што по трите добри игри, кои беа и физички и психички тешки, следуваше неверојатен пад во играта во дуелот со Хрватска.
Селекторот Ивица Обрван е сега можеби во уште потешка позиција:
- Сигурно дека тешко. Не поразот туку случувањата на теренот, разочарани сме од играта. Тоа беа четири тешки натпревари во осум дена физички и психички. Секој натпревар од првите три беа тешки, сите се решаваа на крајот. И затоа психички влеговме слабо на дуелот со Хрватска. И затоа на стартот загубивме. Текот на натпреварот ми дозволи некои играчи кои помалку играа да добијат шанса, тоа го искористи Филип Кузмановски. Следниве денови ќе треба да се регенрираме и за следните дуели да бидеме вистинските. Верувам дека со добрата Норвешка ќе играме подобро. Тие се силни, но не се на ниво на Хрватска. Атмосферата до дуелот со Хрватска, беше одлична, тренинг, подготовки. Мојата изјава не е „фризирана“. Но, на натпреварот ништо драматично не се случи за да се коментира по натпреварот. Ако има нешто на релација играч-играч, или селектор – играч или да се каже тоа е сосема нормално во жарот на борбата, особено на натпревар кој го губите десет разлика. Тогаш не е сеедно, нервите тогаш попуштаат, тоа е присутно во секоја репрезентација, а тоа го имаат селекции со темперамент, а ние сме такви (Македонија, Хрватска, Србија,) и немаше зла крв ниту пред, ниту по натпреварот.
Од Краков, Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности
-
Путин и Ким Џонг-ун ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември
-
Жрепката за Лигата на шампиони денеска во Монако
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“