Ракомет
19. January 2016 - 14:52

ЕП Полска 2016: Крстот се фрлаше и во Краков

Традицијата продолжи каде и да се наоѓаат македонските навивачи на големите натпреварувања со ракометната репрезентација. Така денеска во Православна црква во Краков како дел од одбележувањето на празникот Водици свештено лице испеа молитва, а потоа следуваше и „фрлањето на крстот“.

Крстот заврши во рацете на навивачот Ѓорѓи Атанасов, а тој доби честитки од присутните македонски навивачи и од првите луѓе на Македонската ракометна федерација претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски.