Ракомет
24. January 2016 - 18:43

ЕП Полска 2016: Георгиевски: Со две победи да го завршиме шампионатот

Одличното издание на Норвешка во дуелот со домаќинот Полска ги мобилизираше сите во нашиот табор и со цел шампионатот да се заврши со победа подготовката е детална.

Десното крило Гоце Гоергиевски пред денешниот тренинг изјави:
- Четирите бода од првата фаза Норвежаните ги потврдија со победата над Полска. Ние знаеме за каква репрезентација гледавме натпревари на Норвешка. Тоа е млада репрезентација со квалитетни поединци, а нема лесни противници на Европското првенство. Ние ќе одиме и утре на победа и на дуелот со Белорусија и со две победи да го завршиме шампионатот и да поправиме впечатокот.

На Норвешка и одговара побрза игра. Даваат „лесни“ голови од полуконтри, крилата шутираат од мали агли, тоа е збир на квалитетни поединци и треба добро да се подготвиме за тој дуел.

 

Од Краков, Марјан Ников