ЕП Полска 2016: Битки за финале

На европскиот шампионат во ракомет што се одржува во Полска вечерва се играат полуфиналните натпревари: Германија - Норвешка и Шпанија - Хрватска. Од четирите селекции Шпанија и Хрватска имаат по седум полуфиналиња, Германија четири, а Норвешка ниту едно.
Во „Таурон Арена“ во Краков од 18:30 часот е почетокот на дуелот меѓу Норвешка и Германија. Со пласманот во полуфиналето двете селекции направија изненадување, но со прикажаните игри сосема заслужено се најдоа во борбата за медалите.
Второто полуфинале почнува од 21 часот и играат Шпанија и Хрватска. Шпанија досега има одиграно три финални натпревари, а Хрватска два.
Од четирите репрезентации во полуфиналето само Германија во 2004 година ја има освоено европската титула.
Во Вроцлав пак ќе се играат дуелите за пласман. Домаќинот Полска од 16 часот ќе игра против Шведска (дуел за 7.место), додека од 18:30 часот е натпреварот за 5.место што сите го очекуваа како финале меѓу Франција и Данска, бидејќи на последните пет Европски првенства, овие две селекции ги сите пет – Франција (три титули), Данска (две титули).
Ново на Сител
-

13-годишно дете пренесено во болница со полесни изгореници откако избувнал пожар во стан во Центар
-

Со Мултипла Склероза во Македонија живеат околу 2500 дијагностицирани пациенти
-

Муслиманите во Прилеп го одбележуваат Курбан Бајрам – за овој ден се разделува месо на социјално загрозените граѓани
-

Светски познатиот Хозе Карерас на плоштад Македонија на 1. Септември заедно со македонските ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
