ЕП ќе расправа за можноста за замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ
Европскиот парламент неделава, на сесија во Стразбур, ќе разговара за можноста за замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ.
Двете најголеми парламентарни групи - на Европската народна партија и на социјалдемократите, минатата недела изразија мислење дека преговорите треба да бидат прекинати.
Темата ќе биде разгледана утре, а резолуцијата ќе биде усвоена во четврток.
Главна тема на ноемвриската сесија на ЕП ќе биде развивањето на европската одбрана.
Европратениците вечерва ќе го разгледуваат извештајот, во кој се повикува на оспособување на парламентарна комисија за одбрана, како и за Советот за ЕУ за одбрана.
Во документот се појаснува дека НАТО треба да остане основата на заедничката одбрана во Европа, но и дека политичките приоритети на пактот и на заедницата не може секогаш да се совпаѓаат.
Се забележува, дека САД се пренасочуваат кон Азија, што дополнително ќе влијае врз досегашната трансатланска одбранбена политика.
ЕУ треба да преземе поголема одговорност во однос на кризата поврзана со безбедноста кај директните соседи, се наведува во извештајот.
ЕП инсистира на согласност за усогласнување на напорите на ЕУ и НАТО, за дополнување и меѓусебно зајакнување на двете организации.
ЕП утре ќе го разгледа вториот извештај на оваа тема, во кој се наведува дека ЕУ и НАТО треба да го задржат духот на соработка, а не да пристапуваат кон ривалство.
Во вторник и среда ЕП ќе го разгледува извештајот за спротивставување на пропагандата против ЕУ, создадена од и преку Русија и ИД.
Во документот е наведено дека непријателската пропаганда користи секакви потфати, често прилагодени на профилите на поединечни земји од заеднициата, со цел да биде вистински искривена, за да се предизвика сомнение за поделба и стратешки јаз меѓу ЕУ и нејзините партнери од Северна Америка, за да се запре процесот на донесување одлуки и за да бидат наклеветени институциите на заедницата.
ЕП ги повика европските власти да ги следат изворите на финансирање на антиевропската пропаганда.
Европратениците ја потенцираат важната улога на квалитетното образование и обука за новинарите и за изготвување на квалитетни новинарски анализи и за воспоставување на високи уредувачката стандарди.
Ново на Сител
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско
-
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството
-
Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени