ЕП - Хрватска 2018: Со сите сили - ЗА МАКЕДОНИЈА
Македонските ракометари постигнаа тешка победа над Словенија на отворањето на првенството во групата Ц во Загреб. Ракометната федерација на Македонија испрати и соопштение:
И покрај енормно тешкиот меч одигран на стартот на 13-то Европско ракометно првенство во Загрепската арена – тензичноста, критички интонираните обвинувања насочени кон арбитерите, неизвесноста која траеше до последните секунди од натпреварот – Македонија доби мошне важен меч против мундијалски „бронзената“ селекција на Словенија.
БРАВО за нашите момци кои херојски се бореа за секој топка и за секој постигнат гол. Големо БРАВО за извонредниот стратег Гонзалез и стручниот штаб и уште едно огромно БРАВО за брилијантната поддршка од трибините!
Нашите сениорски репрезентативци денес се соочуваат со нов предизвик: уште еден тежок натпревар против уште еден силен ривал – селекцијата на Црна Гора. После овој сериозен тест, следи можеби најтешкиот натпревар во групната фаза – со континентално „златната“ селекција на Германија.
Остануваме максимално посветени и фокусирани на играта! Веруваме во тимот и квалитетот а на крилјата на илјадници наши фанови и огромната поддршка од целокупната јавност спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес!
Со сите сили: ЗА МАКЕДОНИЈА!
Спортски поздрав,
Ракометна Федерација на Македонија
Ново на Сител
-
ЈО: Загинатиот мотоциклист во Чаир немал дозвола и заштитна кацига и возел брзо
-
21-годишен штипјанец со тврд предмет нападнал полицајка во Скопје
-
16-годишен мотоциклист загина откако се судри со електричен тротинет
-
ЦУК: Вкупно 1 666 повици на 112 во последното деноноќие
-
Кратовчанец возел со 2,28 промили алкохол во крвта и се обидел да и побегне на полицијата
-
Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск