ЕП – Хрватска 2018: Македонија испушти шанса за полуфинале, загуби од Чешка
Македонија испушти победа. Нашата репрезентација водеше 55 минути, но во финишот на дуелот противникот беше поумешен и стигна до триумф.
Натпреварот со Чешка го одигравме без капитенот Лазаров кој само ги изведуваше пеналите. Почетокот беше во знакот на Македонија која поведе со 4:1, а по водството од 6:2 за нашата репрезентација селекторот на Чешка побара тајм аут. Во прдолжението волглаво се играше гол за гол. Во отсуство на К.Лазаров, Миркуловски беше на мета на чешките ракометари и поради добиени удари мина неколку минути на клупата. До крајот на првиот и Мартин Велковски запиша два гола. За првпат во игра во 23.минута влезе и Јоновски. Вторпат + 4 имавме во 24.минута (11:7). Во финишот на првото полувреме со играч повеќе имавме шанса за +5, но по двете грешки Чешка намали на 13:11.
Вториот дел почна со промашувања на двете страни, а потоа по серијата три голови на Талески, Македонија првпат поведе со +5 (17:12- 38.минута). Предноста од 4-5 голови Македонија ја имаше на средина на вториот дел. Во 49.минута по неколкуте грешки на нашите ракометари Чешка намали на 21:19. Во 53.минута Чешка со четвртиот гол на Здрахала намали на 22:21, откако голманот Мрква имаше три одбрани во серија. Чешка по вторпат изедначи откако Хрска погоди од пенал за 22:22. Во 56.минута капитенот Лазаров не реализраше пенал за водство. Чешка поведе за првпат во 57.минута со голот на Хорак со играч помалку. Со голот на Велковски Македонија изедначи на 24:24. Гол за ново водство на Чешка постигна Кашпарек. Во последните секунди Чешка направи грешка, пробивање, а Македонија во контра постигна гол преку Дејан Манасков. По гледањето судиите од Русија – го поништија голот и досудија пенал за Македонија. Мрква го одбрани пеналот на Манасков за победа на Чешка од 25:24.
Утре Македонија од 18:15 часот ќе игра против Данска, која е прва во групата со 6 бодови, Шпанија, Германија и Чешка имаат по 4, Македонија 3, колку и Словенија.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров