-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Ден за подготовка за „операција Шпанија“
-->
Ден за финална подготовка за дуелот со Шпанија македонските ракометари веќе ја почуствуваа атмосферата во Вараждин, иако добар дел од нив веќе ја знаат дека беа дел од светскиот шампионат 2009 година. Последните информации се дека повредите, кои беа ситни се санирани и дека сега зборото го има селекторот Раул.
Кај противникот дилеми не би требало да има, тоа значи дека можно е враќање на нивниот најдобар пикер АГинагалде, кој не играше против Данска. Сепак од нашиот табор истакнуваат дека повторно борбеноста и помошта од навивачите ќе биде најсилното оружје . Салата во Вараждин е со капацитет од 5.200 места, а се очекува барем половина да биде со македонски фанови.
Инаку, вчера се одиграа и првите дуели во групата 2 во Вараждин. Германија ја победи Чешка 22:19 и Данска беше подобра од Словенија со 31:28. Данска и Германија имаат по 4 бодови, Македонија 3, Шпанија, Чешка по 2, а Словенија 1.
Натпреварот Македонија - Шпанија утре почнува во 20:30 часот, додека претходно е дуелот Германија - Данска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР