-->
-->
ЕП: Холанѓаните отворија со победа против Украина
-->
Фудбалската репрезентација на Холандија ја победи селекцијата на Украина со 3-2 во рамки на првото коло од групата Ц во која се и Македонија и Австрија.
По анемичните први 45 минути на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам, во вториот дел ревија на голови.
Уште на стартот на второто полувреме, во 52 минута Вајналдум донесе предност за „лалињата“. Само седум минути подоцна, Вут Вегхорст ја зголеми предноста на 2-0.
Украина во продолженија заигра поагилно, па најпрво преку капитенот Андриј Јармоленко, со неговиот одличен гол во 75. Минута намали на 1-2. По нецели 4 минути, резултатот беше израмнет 2-2. Стрелец Јеремчук по една нафрлена топка на Малиновски.
Кога избраниците на Андреј Шевченко помислија дека блиску се до бод кај фаворитот во групата, Холандија се погрижи сите 3 да останат во Амстердам.
Думфрис со глава го матираше голамнот Бушчан за конечни 3-2.
Украина е следен противник на Македонија, а мечот се игра в четврток во Букурешт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45