Кошарка
6. August 2016 - 12:00

ЕП - Б дивизија: Исланд нов ривал за Македонија

Кошаркарската јуниорска репрезентација на Македонија (играчи до 18 години) вечерва во натпревар за пласман од 13-16.место на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје ќе игра против селекцијата на Исланд. По вчерашниот минимален пораз од Белорусија (82:83), за нашите играчи денешниот дуел е нова шанса да се постигне третата победа на шампионатот.
Почетокот на дуелот е во 18:45 часот и се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Во полуфиналните натпревари што се играат во СЦ „Борис Трајковски“ ќе играат: Унгарија – Украина (почеток 18:45 часот) и Црна Гора – Словачка (почеток 21 часот).
Во двете сали како и во СРЦ „Кале“ се играат и другите дуели за пласман на овој шампионат.