-->
-->
ЕП 2020: Сензационална победа на Португалија
-->

Португалската репрезентација продолжува да биде најпријатното изненадување на Европското првенство во ракомет, откако сред Малме со 35:25 ја победија Шведска и останаа во игра за пласман во борбата за медали.
Португалците во првата групна фаза успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Франција, но загубија од Норвешка, така што ќе биде интересен дуелот со Словенија, кој најверојатно ќе одлучува за тоа кој ќе се бори за медали.
По рамноправниот старт на мечот, Португалците успеаја во средината на првото полувреме да се одвојат на +3 (10:7) и да ги заддржат тие три гола предност до паузата (15:12). Ако се веруваше дека „трите круни“ ќе успеат да одговорат во второто полувреме, ваквите илузии набргу беа распрснати откако Португалците поведоа и со седум разлика (24:17), и постојано го зголемуваа водството и на седум минути до крајот достигнаа и дури +10.
Руи Силва и Фабио Магалаеш имаа по шест гола за сензационалните Португалци, додека „анемичната“ Шведска ја предводеа Даниел Петерсон и Андреас Нилсон со по четири постигнати голови.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, 2.ФАЗА
ГРУПА 2
Словенија – Исланд 30:27 (15:14)
Норвешка – Унгарија 36:29 (20:12)
Португалија – Шведска 35:25 (15:12)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
