-->
-->
ЕП 2020 е погрешна одлука
-->
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин за германскиот магазин „Кикер“ рекол дека одлуката Еуро 2020 да се одржи во 13 различни држави е „погрешна“.
„Иако тоа е прекрасна идеа, која ја симболизира единствена Европа, нема да биде модел за во иднина. За нас во организацијата играњето на ЕП низ цела Европа преставува голем проблем“, рекол Чеферин.
Претходникот на Чеферин, Мишел Платини ја промовираше идејата Еуро 2020 да се игра во 13 земји. Во декември 2012 беше одлучено натпреварите да се играат во Билбао во Шпанија, Санкт Петербург во Русија, во Минхен, Глазгов, Амстердам, Даблин, Баку, Букурешт, Копенхаген, а полуфиналните натпревари и финалето ќе се одиграат во Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО