-->
-->
ЕП 2016: Милион евра за албанските репрезентативци
-->

По првата историска победа на албанската репрезентација на Европското фудбалско првенство во Франција на средбата со Романија (1-0), Албанија ја зафати вистинска еуфорија, а премиерот Еди Рама во понеделникот објави дека албанската влада одлучила да им додели милион евра на фудбалерите и на раководството на екипата и дипломатски пасоши.
„Тие се нашите амбасадори без пасоши, но премиерот Еди рама ќе ѝ осигури на целата екипа дипломатски пасоши“, изјави веднаш по мечот со Романија, претседателот на Албанскиот фудбалски сојуз, Арманд Дука.
Премиерот Еди Рама во понеделникот потврди дека покрај паричната премија, на репрезентативците ќе им бидат доделени и дипломатски пасоши, како и на сите други членови на селекцијата предводена од италијанскиот тренер Џани Ди Биаси.
Покрај играчите, Рама ги пофали и навивачите на стадионот во Лион за кои рече дека биле „дванаесеттиот фантастичен играч“, и додаде дека токму навивачите покажале дека Албанија е „цивилизираниот дел“ од Европа.
Албанија во неделата вечерта го постигна првиот гол на европските првенства и ја постигна првата победа воопшто на големите фудбалски натпреварувања, благодарејќи на голот што во 43 минута го постигна Арманд Садику.
Иако Албанците го освоија третото место во групата, со освоени три бода и гол-разлика 1-3, имаат релативно мали шанси како една од четирите најдобро пласирани трети екипи во групната фаза да се пробијат во осминафиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
