Енергијата и патната инфраструктура важни за струмичките бизнисмени

Струмичките бизнисмени ги изнесоа приоритетите на нивните компании на денешната средба што ја организираше Бизнис конфедерацијата на Македонија. Искористувањето на обновливите извори на енергија и инвестирање во развој на патната инфраструктура за ефективно поврзување со источниот и јужниот сосед се главните аспекти на претприемачите и менаџерите на малите и средни компании од регионот.
Целта на средбата е унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании и беше разговарано за тековните, актуелни проблеми и предизвици со кои се соочуваат компаниите од струмичкиот регион.
- Досега одржавме средби со претприемачи од сите пет региони во земјава и заклучокот од средбите е дека компаниите од секој регион се соочуваат со типични проблеми и пречки за понатамошен развој. Соодветно на тоа се создадени и приоритетите врз кои заедно со нашите партнери, компаниите ќе ја градиме понатамошната стратегија за создавање поволна бизнис клима, рече Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.
Според Бошков, предлог политиките кои ги направила Конфедерацијата се одлична основа и одредница што, според него, ќе користи во понатамошната работа во надградување на концептите за одговорно водење бизнис, поттикнување одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите.
Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.
Создавањето на предлог политиките, како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Бизнис Конфедерација на Македонија спроведе и одржа серија вакви средби и промотивни настани во повеќе градови и региони од државата, во кои беа вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери.
Ново на Сител
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
