Енергетска криза не е решение за опозицијата
Пргласувањето енергетска кризна состојба служи само за власта да може да склучува тендери во 4 очи, обвинува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според него, иако има помалку од три месеци до почетокот на новата грејна сезона, власта нема конкретен план за справување со кризата.
Додека Мицкоски обвинува дека власта е дефокусирана од економските проблеми во кои се наоѓа земјава, владејачката СДСМ тврди дека со усвоениот ребаланс на буџетот обезбедува антикризни мерки и помош за стопанството и граѓаните.
Сепак, иако беа најавени за втората половина од годинава, сè уште нема конкретни антикризни мерки. Министерството за финансии е во фаза на подготовка на мерките за поддршка на најпогодените од кризата и сè уште преговара со бизнис заедницата. Стопанството бара фокусот да се стави токму на помош во делот на електричната енергија, бидејќи фирмите се најпогодени од енергетскиот удар.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар