-->
-->
Емотивна порака од Антиќ до навивачите на Фенербахче
-->

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ по трансферот од Фенербахче во Црвена ѕвезда упати емотивна порака до навивачите на турскиот клуб.
- Почитувано семејство Фенербахче. Изминативе две години беа неверојатно искуство. Има многу незаборавни спомени тука, како и историски момент со освојување на Евролигата, успех остварен со одлични соиграчи, тренери, експерти и клупски работници. Немам зборови со кои би се заблагодарил на поддршката што ја имав од навивачите за време на мојот престој во овој клуб. Ви благодарам за се и му посакувам на семејството Фенербахче се најдобро во наредните години, напиша Антиќ на Инстаграм.
Македонецот потпиша едногодишен договор со „црвено-белите“ и ќе претставува огромен поттик за новиот тим на Црвена ѕвезда. Тој никогаш не ја криел љубовта кон тимот од Белград чиј дрес го носел две сезони (2005-2007) и го освоил националниот куп во Србија.
Антиќ е првиот македонски кошаркар кој заиграл во НБА лигата (Атланта), има три трофеи од Евролигата, со Олимпијакос во 2012 и 2013 и со Фенербахче во 2017 година
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
