Емотивен говор во Струмица: Ана не е Македонка, но ја брани Македонија повеќе од некои кои се нарекуваат Македонци!
– Во Струмица по третпат се одржа протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Од градскиот плоштад „Гоце Делчев“, граѓаните упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и против двојазичноста.
Пред присутните граѓани се обратија неколку говорници кои апелираа да се зачува унитарноста, јазикот, името и идентитетот.
Eмотивен настап на уметничка со црногорско потекло која живее во Струмица предизвика солзи во демонстрантите. Ана Филев жали за сите оние кои од внатре или од надвор ја растурат мирната Македонија исто како што континуирано ги влошуват односите помеѓу сите братски народи од регионот. Но, нашиот народ знае да се сплоти и да се обедини против секој непријател на заедничкото минато и иднина
– Еднаш ме прашаа што сакам од својот живот во иднината. Немав конкретен одговор, немав детали, само сакав да бидам среќна со човек кој ме сака, кој ја разбира уметноста, да живеам некаде, а тоа да не биде Црна Гора, во земја која има многу сончеви денови. Не знаев дека таа земја ќе има сонце дури и на нејзиното знаме. Не знаев дека таа земја ќе биде Македонија, земјата на Александар. Сега некој сака тоа сонце, да ми го украде мене, на Македонците, на моите деца. Сега некој сака зборот Македонија повеќе да не постои, рече Ана Филев, академска сликарка од Црна Гора.
Струмичани коментираа дека слушајќи ја Филева, може да се каже дека иако припаѓа на друг етникум ја брани Македонија повеќе од некои одредени Македонци.
Од градскиот плоштад, учесниците на протестот поминаа низ централното градско подрајче. Протестот помина мирно без инциденти.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија
-
Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто
-
Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто