-->
-->
Емисиите на штетни гасови во светот во декември се зголемиле за два проценти
-->

Во декември малку се зголемени емисиите на јаглерод диоксид во светот, во споредба со истиот период во 2019 година, што покажува дека наглиот пад на зголемувањето на штетните гасови поради пандемијата траеше кратко.
Бројките покажуваат дека штетните гасови од употребата на нафта, гас и јаглен во декември 2020 година се зголемени за два проценти во споредба со една година порано.
Париската меѓувладина агенција за климатски промени соопшти дека придвижувањето на индустријата значи дека многу земји се соочуваат со поголеми емисии на штетни гасови.
Научниците претходно пресметале дека емисиите на јаглерод диоксид се намалиле за седум проценти во текот на 2020 година, бидејќи луѓето претежно биле дома поради пандемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Регионалниот развој, врвен приоритет за општините од Југоистокот
-

Преглед на вестите од светот
-

Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
