Емануел Макрон најомилен политичар меѓу Французите
Кандидатот за претседател на Франција на партијата Во движење! (ЕМ), Емануел Maкрон е најомилен политичар меѓу Французите, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Одикса“, објавени денеска.
Како што јави дописникот на МИА, по Макрон на листата на популарниста следуваат уште двајца претседателски кандидати, Жан-Лук Меланшон од левото популистичко движење Бунтовна Франција (ФИ), чиј рејтинг расте, и Франсоа Фијон од конзервативната партија Републиканци (ЛР), чиј рејтинг опаѓа.
Според анкетата, 45 отсто од Французите имаат позитивно мислење за Макрон, што е за осум прооцентни поени повеќе во споредба со последното испитување направено во средината на февруари.
Второпласираниот на листаа Меланшон бележи раст на поддршката од седум процентни поени и него го поддржуваат или чувствуваат симпатии кон него дури 40 отсто од испитаниицте.
Оваа анкета не се однесува на тоа за кого ќе гласаат испитаниците на претседателските избори, туку каков е нивниот став кон одреден политичар. Според испитувањата на јавното мислење за претседателските избори за Макрон во првиот круг би гласале меѓу 25 и 27 отсто од гласачите, додека за Меланшон околу 14 проценти. Анкетите и натаму и даваат најголема предност на лидерката на Националниот фронт, Марин Ле Пен за која ќе гласаат со 29 отсто од анкетираните, а Франсоа Фијон може да се надева на19 проценти гласови.
Од друга страна, Фијон е најнеомилениот политичар, кон кого одбивност чувствуваат 60 отсто од Французите, што е 10 процентни поени повеќе во според со претходната анкета. По него на ова листа следуваат Марион Маршал Ле Пен со 55 отсто, што е намалување за два процентни поени, и Марин Ле Пен со 50 проценти, колку што имаше и на претходното истражување.
Дури 83 отсто од анкетираните велат дека се интересираат за претседателската кампања. Според нив, најдобра кампања води Maкрон (39 отсто), пред Меланшон (24 проценти), Марин Ле Пен (20 отсто), Фијон (8 проценти) и кандидатот на социјалистите Беноа Амон (7 отсто).
Популарноста на францускиот претседател во заминување Франсоа Оланд останува стабилна со 21 отсто позитивно мислење, додека рејтингот на премиерот, Бернар Казнев бележи раст од два процентни поени на 42 отсто.
Ново на Сител
-
Запленети котури сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, објективи за камери, цигари и маслиново масло
-
Судењето за нападот врз Арсовска продолжува – обвинетиот тврди дека е жртва
-
Министерство за енергетика: Над 100 предлози од јавноста за новиот Закон за рударство, ќе се прифатат конструктивните
-
Иран е подготвен да ги продолжи нуклеарните преговори, со добра волја од Западот
-
Приведен жител на неготинско село, не почитувал судска наредба за приближување на сопругата
-
Скопската полиција синоќа констатираше 128 сообраќајни прекршоци
-
Сијарто: Војната меѓу Украина и Русија не е унгарска војна
-
Седница на Буџетскиот совет на Собранието