Ема Стоун и Бjанка Балти ги привлекоа погледите на отворањето на филмскиот фестивал во Венеција

Глумицата Ема Стоун и топ-моделот Бјанка Балти носеа највпечатливи тоалети сношти на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција, на островот Лидо ди Венеција, пишува весникот „Кориере дела сера".
Традиционално, ѕвездите исчекорија на црвениот килим. Ема Стоун, којашто е дел од екипата на „La La Land" на американскиот режисер Демијан Шазел (филм што потоа и го отвори фестивалот), блескаше во својата сребреникава тоалета без ракави, со полу-ролка, целата во реси. Креацијата е на Џамбатиста Вали.
Бjанка Балти пaк, беше oблечена во црн фустан и мантил на Жан-Пол Готие. Едноставни еднобојни тоалети беа избор и на редица други италијански глумици, пејачки и модели, кои продефилираа на црвениот килим пред фестивалската зграда. Од нив, најмногу се истакнуваше Ана Сафрончик, со долгиот жолт фустан и црн појас.
Отворањето на фестивалот се одвиваше во мирна атмосфера, бидејќи Италија се уште жали за жртвите на катастрофалниот земјотрес во околината на Аматриче.
Награда за особен придонес во областа на седмата уметност му беше врачена на полскиот режисер Иржи Сколимовски.
Ново на Сител
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
